More

    Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето убиец од Србија против кои се води судски предмет побарале на следното судење на 17 октомври да го испрашаат својот син

    spot_img

    Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето убиец од Србија против кои се води судски предмет побарале на следното судење на 17 октомври да го испрашаат својот син, пренесува агенцијата Танјуг.

    Коста Кецмановиќ во понеделникот за првпат зад стаклен параван сведочеше во случајот против родителите, обвинувајќи ги за злосторот кој го изврши во своето основно училиште во населбата Врачар во Белград. На рочиштето беше драматично, дел од родителите на жртвите ги бришеле своите солзи, а во еден момент била направена пауза кога Коста ја сменил бојата на лицето.

    Како што пренесоа српските медиуми, Коста К. на рочиштето посочил дека „масакрот го извршил поради неговата мајка Миљана Кецмановиќ, која инсистирала тој да биде најдобар од сите“.

    – Беше лута што не бев најдобар. Бев лут на неа затоа што постојано го бараше тоа, а тоа влијаеше да го извршам масакрот. Таа ми викаше и ме притискаше – истакна момчето убиец.

    Според информациите на српскиот портал Република, Коста го спомнал и пиштолот на татко му со кој пукал во своите врсници.

    – Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го сторам ова – рекол Коста.

    На 3 мај минатата година малолетниот Коста К. застрела 9 соученици и еден чувар во училиштето „Владислав Рибникар“.

    Тој во понеделникот четири часа одговараше на прашањата на судијата, обвинителот, адвокатите на оштетените, а одговарал и на прашања на член на семејството на убиените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img