Владата се повикува на Законот за државјанство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на денешната седница одлучи да ја поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Владата ја донесе оваа одлука откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

„Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија“, информира владината прес-служба.

Share This Article