Владата само треба да ги укине давачките на увозните суровини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин”.

Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора.

Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која, како што потсетува, беше активна до јуни 2022 година. Во таков случај, веднаш може да дојде до поевтинување на месните преработки и за над 10 проценти.

Како што објаснуваат за МИА од Стопанската комора, месната индустрија не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија, нагласуваат, има 8 отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а државава има 18 до 35 отсто во зависност од тарифниот број.

-Ја поздравуваме одлуката на Владата за фиксна цена на струјата и истовремено бараме да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која беше активна до јуни 2022 година. Целта за намалување на цените е заедничка – и на Владата и на граѓаните и на индустријата. Сите ќе бидат задоволни доколку намалувањето на цените на месните преработки бидe што поголемo, на пример над 10 отсто, што може да се случи веднаш ако се донесе одлука за ослободување од плаќање на царината на одредени тарифи на суровина за крајна употреба за овој кризен период, а за трајно решение да се прифати Предлог-законoт кој е доставен до Министерството за финансии и Владата – велат од Комората.

Share This Article