More

    Владата пред избори му фрла трошки на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Антикризните мерки на владата на СДСМ и  Димитар Ковачевски не значат никаква помош, туку класичен изборен поткуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

    Партијата прави споредба на платата на премиерот и неговите примање за 7 месеци колку што трае помошта со износите кои ќе ги земаат граѓаните на меселно ниво и за 7 месеци.

    „Со покачувањето од 78%, Димитар Ковачевски месечно зема плата од над 156.000 денари, односно над 2.500 евра, а на пензионерите, студентите и средношколците ќе им дава смешни 1.000 денари за месец. Споредбено само пензионерите и студентите за 7 месеци со помошта на владата ќе земат 7.000 денари. За разлика од нив, Ковачевски за 7 месеци со плата од над 156.000 денари ќе зeма над 1 милион денари.Владата на СДС и Димитар Ковачевски на граѓаните им ги фрла коските да ги глодаат, додека тој и неговите министри во владата се гоштеваат со бифтеци, морски плодови и пијат скапи пијалоци. 1.000 денари не им се доволни ниту на пензионерите, ниту на студентите за да ги купат основните прехранбени производи, а не пак за да имаат пристоен живот“, се вели во соопштението.

    Од партијата тврдат дека валдата се обидува со помошта да ги поткупи граѓаните пред избори, наместо да им ги зголеми примањата.

    „Ковачевски со таканаречената помош се обидува да ги поткупи граѓаните пред избори. Ковачевски повторно ги потценува и пензионерите и студентите. Наместо достоинствено покачување на пензиите, платите, стипендиите и студентскиот оброк, владата на СДС и Ковачевски им дава трошки на граѓаните.Ковачевски не ја знае маката на граѓаните, бидејќи неговата плата е доволна за луксузен живот, додека пензионерите и студентите едвај преживуваат. СДС и Ковачевски се свесни дека мандатот им завршува и во паника и очај се обидуваат да ги поткупат граѓаните.СДС и Ковачевски се прочитани од граѓаните. Граѓаните знаат дека ова е само обид за предизборен поткуп, и нема да им дозволат на СДС и Ковачевски да владеат уште 4 години. Многу набрзо од ден доаѓаат промените. Пензионерите заслужуваат достоинствени и повисоки пензии!,“ се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img