Владата одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на денешната седница одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Одлуката е согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта.

Владата им препорача и на сите општини и на Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта.

Share This Article