Владата најави брзи интервенции во законите

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Наскоро ќе продолжи изградбата на новата зграда на Народна банка која подолг период е во состојба на карабина, откако беше раскинат договорот со градежната компанија „Бетон“. Досега се завршени 62% од работите на зградата за што централната банка потроши речиси 15 милиони евра. Сега ќе треба да направи измени на неколку документи кои треба да ги одобрат државните органи и да распише нов тендер за избор на компанија која ќе ја доврши зградата.

– Очекуваме во скоро време изградбата на новиот објект непречено да продолжи. Со оглед на статусот, во овој момент не може да се даде точен датум на започнување на следните чекори, примарно избор на нов изведувач на градежните работи – велат од Народна банка.

Пред да продолжи изградбата на објектот кој се гради од 2016 година, објаснуваат од НБ, ќе треба да се направат интервенции во законската регулатива со кои ќе се продолжат роковите за негово довршување.

– Очекуваме одобрување на неопходните измени на Одобрението за градење од надлежниот орган, за што се доставува барање со приложено усогласување на проектната документација. Измените во проектната документација, подготвени во рамки на договор за јавна набавка на проектантски услуги, беа неопходни заради усогласување на Основниот проект согласно досега изведените работи, усогласување кај евентуалните застарени технологии и преиспитување на техничко-технолошките решенија, наспроти евентуални промени во регулативата и стандардите, како и заради подготовка на нова предмер-пресметка-појаснуваат од Народна банка.

Деновиве и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е планирано продолжување на изградбата на повеќе објекти, меѓу кои и на овој објект, на кои долг период не се работи. Тој рече дека владата ќе ги заврши многу брзо потребните интервенции за да може да продолжи нивната изградба.

Банката ќе треба да распише и тендер за избор на компанија која ќе ја продолжи градбата бидејќи договорот за градба потпишан во 2016 година со градежната компанија „Бетон“ е раскинат во 2022 година откако компанијата не го реализира договореното.

– Договорот за градба којшто беше склучен во 2016 година со ДГ Бетон АД, Скопје, сега во стечај, беше спроведен во речиси 62%, односно за изградбата досега се потрошени 918.602.679 денари (14,9 милиони евра). Народната банка ги презеде сите неопходни чекори за заштита на имотот на банката, како и за утврдување на можностите за завршување на градбата во блиска иднина. – велат од НБ.

Новиот тендер веројатно ќе биде и со повисок износ, бидејќи и цените во градежништвото за овој период се зголемија, па Народна банка ќе треба да издвои повеќе од планираните 23 милиони евра колку што требаше да чини објектот.

– Износот на средства за завршување на објектот не е однапред познат, бидејќи ќе биде предмет на наддавање во постапка за јавна набавка за избор на нов изведувач-велат од НБ.

- Advertisement -
Ad image

Новата зграда на Народна банка почна да се гради во 2016 годинакако дел од проектот „Скопје 2014“. Според договорот склучен тогаш со „Бетон“ изградбата требаше да чини 23 милиони евра, а да заврши за 2,5 години. Рокот за изградба се пролонгираше неколку пати на барање на „Бетон“.

Зградата која се наоѓа во непосредна близина на Министерството за надворешни работи според проектот треба да има осум ката, на врвот ќе има купола, барокна фасада, а на влезот антички столбови. Автори на идејното решение за изгледот на зградата се Никола Стакинов и Лазар Димов.

Народна банка во овој период не побара измени на изгледот на зградата и нејзината фасада.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article