Пензиите за април ќе бидат исплатени во четири групи според висината, почнувајќу од 25-ти месецов, одлучи владата на деншната седница.
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година (петок).
Владата даде согласност за обезбедување средства за набавка на систем за следење на гликоза базиран на сензори за следните три години. Тој ќе биде наменет за пациенти со тип 1 дијабетес. Ќе бидат опфатени и бремените жени,слепите лица и лицата со коморбидитети во напредна фаза.
Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за дуално образование, предложена од Министерството за образование и наука. Предвидено е да се зголеми бројот на дуални паралелки во јавните стручните средни училишта за следната учебна 2023/2024 година.
Моментално, по германски терк, дуална настава се реализира во 61-но стручно училиште, а училиштата соработуваат со 450 компании. Се предвидува бројот да се зголеми на над 500 компании и компаниите да се стимулираат за да се вклучат. Во моментот, 2.763 запишани ученици ги следат овие обуки за подобро да влезат на пазарот на трудот. Проекто започна во септември 2017 година.
Владата денеска именуваше Државен правобратинел. Агрон Речи и досега бил правобранител од подрачната единица во Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.
Според наведеното во неговата биографија, по професија е дипломиран правник со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Процесите за Дигитализација, предложена од Министерството за информатичко општество и администрација. Со одлуката треба да се обезбеди поширока дигитализација во администрацијата и во услугите кон граѓаните.