Владата на Косово ги укина налепниците на регистарските таблички на возилата од Србија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на Косово донесе одлука со која го укина ставањето налепници на возилата со регистарски таблички од Србија, откако Владата на Република Србија на крајот на декември ги призна косовските регистарски таблички.

Во четири општини на северот на Косово каде Србите се мнозинство заврши процесот на пререгистрација на возилата со регистарски таблички на Република Косово. Во исто време, Владата на Србија донесе одлука за слободно движење на возилата со косовски регистарски таблички на територијата на Србија, што треба да биде крај на спорот кој предизвикува тензии речиси три години.

Како што соопшти доцна синоќа косовската влада, одлуката за укинување на налепниците „е чин на добрососедство“ и доаѓа откако Србија целосно ги призна регистерските таблички од Косово.

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ изјави дека 99 отсто од Србите ги пререгистрирале своите возила, па возилата со таблички РКС (Република Косово) можат слободно да се движат на територијата на Србија.

Србија се согласи на таква одлука преку договор од 2011 година, кој беше постигнат меѓу претставниците на Косово и Србија во процесот на дијалог под покровителство на Европската унија.

Share This Article