Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје. Ќе ги видиме пресметките што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се произведува топлинската енергија и соодветно на тоа Владата ќе направи субвенционирање со цел да нема ценовен шок за граѓаните исто како што обезбедивме да нема ценовен шок и минатата година, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Минатата година граѓаните имаа можност да видат во нивните сметки дека електричната енергија беше субвенционирана во однос на пазарната цена и до 80 и над 80 проценти во некои месеци. Така и ќе продолжи. Исто беше и со парното – рече Ковачевски во одговор на прашање при денешното поставување камен-темелник на полициската станица Аеродром заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека доколку лани парното не било субвенционирано од државата и доколку не се обезбедело преземање на целокупната мрежа и на производството на топлинска енергија, тогаш Скопје ќе немало парно.

– Тоа е обврска на градот Скопје и на опозицијата која се фалеше дека ќе го направела Скопје метропола, а сега не може ништо да се доправи во Скопје што е започнато. Планирам да го повикам раководството на Скопје за да видиме како Влада што можеме да помогнеме во санирањето на делот со потребите на граѓаните, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник да се караат по цел ден кој бил во право – потенцира Ковачевски.

Share This Article