Железници Транспорт ќе ја зголемува основната главнина за да создаде услови за непречено функционирање. Планира да издаде акции што е четврти пат досега за што добила и одобрение од Комисијата за хартии од вредност.
Четвртата емисија акции е по пат на приватна понуда. Ќе се емитуваат 962.913 обични акции по вена од 1.000 денари за акција. Вкупната продажна вредност на емисијата e 962.913.000 денари или речиси 15,65 милиони евра.
Како што е наведено во соопштението од Комисијата за хартии од вредност, издавањето на хартиите од вредност е во функција на зголемување на основната главнина за создавање услови за непречено функционирање. Приватната понуда е наменета за познат купувач, односно за единствениот акционер – Владата.
Ова државно претпријатие е редовен загубар и должник.Само во првата половина од годинава загубите изнесуваат речиси 65 милиони евра.
Владата подолг период планира да го реши проблемот со либерализација на железничкиот транспорт за што подготви измени и на законот според кој се предвидува – превозот на патници и стока да се врши од приватно домашно или странско правно лице, т.е. да го отвора пазарот за други железнички превозници.