Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој беше назначен за директор на 6 февруари.

Станковска-Плачковска е дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.

Даниела С. Плачковска е дипломиран политколог и магистер по културологија. Од 2008 год. активно работи и придонесува во филмскиот сектор како вработена во Агенцијата за филм, која е правен наследник на Филмскиот фонд на Р.М. Како раководител на сектор за развој на филмската дејност, како и во текот на целокупното свое работење, активно е вклучена и дава континуиран придонес во градење на конзистентна филмска политика за континуиран развој на филмот и филмската дејност во нашата земја.

Таа била национален претставник во Европската мрежа на филмски комисии „EUFCN“, член на извршниот комитет на „SEE Cinema Network“, како и член и заменик национален претставник во истоимената организација, Претседател на меѓуресорската комисија за утврдување на условите и критериумите за одобрување на средства и обезбедување на предлог за исплата на средства наменети за производство на домашна документарна и домашна играна програма во Министерството за информатичко општество и администрација, член на Комисијата за право на поврат при Агенцијата за филм, Извршен директор на третото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, член на Управниот одбор на Филмски фонд итн.

Покрај ова, таа учествувала и во реализација на повеќе меѓународни настани и проекти како: презентација на Location Pavilion -Japan Content Showcase 2015, FOCUS location and production event 2015, проект менаџер на EAVE Producer Workshop 2015, проект менаџер на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ и проектот „Џифони Патува’’‚, реализација на проектот European Film Academy Young Audience Award 2015 итн. Таа е еден од авторите на две изданија на брошурата Location and Production Guide, ко-автор на пет изданија на каталогот за Македонската филмска продукција, како и има учество во реализација на Проектот „Филмографии’’(податоци од Филмскиот фонд на РМ).

Исто така, на нејзина инцијатива во декември 2021 год. беше формирана Работна група за филмска писменост како дел од структурата на Мрежата за медиумската писменост, и е кординатор на истата.

Share This Article