Владата ги пролонгираше препораките за портокаловата фаза

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата на Република Македонија, на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година.

Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години. Од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се иземаат хронично болните лица.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност.

Share This Article