Владата донесе Предлог на закон за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување, којшто има за цел да доведе до зголемување на платите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на денешната седница донесе Предлог на закон за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување, којшто има за цел да доведе до зголемување на платите, информираат од владината прес-служба.

„Со овој закон, како што е образложено од предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се стимулира зголемување на платите на вработените, како и намалување на трошоците за работната сила на работодавачите, со тоа што се прави законско регулирање на мерка за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување“, се наведува во владиното соопштение.

Целта на Предлогот на законот е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, намалување на даночната евазија и неформалната економија, а со цел подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот развој на Република Северна Македонија, информираат од владата.

Share This Article