More

    Владата донесе одлука за да се реши проблемот во Национални шуми

    spot_img

    Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми.

    Инаку вработените во Национални шуми и покрај тоа што подолго време ги немаат земено своите плати, веќе неколку месеци се во првите редови и со сите расположливи средства водат битка со пожарите што ја зафатија земјата.

    На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и повеќе кадровски решенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img