Моментално нема појава на ново жариште со африканска чума кај свињите.Сите жаришта со потврдени позитивни случаи се затворени, во 3 целосно се спроведени мерките за депопулација. Заклучно со вчерашниот ден, во зоните од 3 километри убиени и нештетно отстранети се 1305 свињи, инфомрира директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски на седница на Координативно тело за справување со оваа болест во земјава.
-Во координација со МЗШВ, локалните самоуправи, здруженијата на одгледувачи на свињи, ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина и останатите институции, во заштитните зони од 3 километри и во зоните под надзор во радиус од 10 километри околу жариштата, без проблеми се спроведуваат наредените мерки согласно Решенија на АХВ и утврдената динамика. Мерките за активен и пасивен надзор на болеста африканска чума кај свињите се спроведуваат на целата територија на државава – рече Бабовски.
Од Координативното тело е препорачано владата да формира Интервентен наменски фонд со предлог буџет, со цел брзо и навремено спроведување на мерките за контрола и искоренување на африканска чума кај свињите.
-Царинската управа, на граничните премини и на аеродромите треба да ги интензивира контролите на личниот багаж на патниците при влез во државата и на дневна основа да ја известува Агенцијата за храна и ветеринарство за количината и видот на запленетите производи од животинско потекло, како и истите нештетно да ги отстранува. АХВ, беше заклучено на првиот состанок на Координативното тело да спроведе информативно – едукативна медиумска кампања за болеста африканска чума кај свињите, за што како што информира првиот човек на АХВ, активностите се веќе започнати- е една од препораките информира АХВ.
АХВ информира и дека е препорачано Ловечката федерација да преземе мерки за итна максимална депопулација на дивите свињи како резервоар на вирусот на болеста, на територијата на целата земја, според акционен план дефиниран меѓу МЗШВ и АХВ, со посебен приоритет на регионите кои граничат со регионите под заштита и надзор, во временски период од 01.09.2022 до 30.04.2023 година.Паралелно со засилениот отстрел да се врши и пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи.
-Континуирано ќе продолжи процесот на попис на свињите во општините кои се прогласени за зони под заштита и зони со под наздор, но и на сите соседни општини, а итна депопулација согласно заклучоците, ќе треба да се спроведе на сите одгледувалишта во радиус до 10 километри околу големите свињарски фарми, доколку не ги задоволуваат високите норми на биосигурност – информираат од АХВ.