More

    Вкупно 130.000 патници ќе треба авионот да го заменат со воз

    spot_img

    Германската авиокомпанија Луфтханза ги откажа скоро сите свои закажани летови за денеска поради штрајк на нејзините пилоти.

    Со штрајкот се погодени околу 130.000 патници на повеќе од 800 летови од центрите на авиокомпанијата во Франкфурт и Минхен. Од патниците е побарано да не патуваат до аеродромот, туку да се префрлат на воз или да ги пререзервираат летовите на некој друг ден.

    Ќе има и летови на Луфтханза кои поаѓаат надвор од Германија, под услов авионот и екипажот да се веќе во странство.

    Пилотите на Луфтханза ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат.

    Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати. VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img