More

    Вкупно 12 пожари се активни утрово,најопасен напланината Галичица

    spot_img

    Вкупно 12 пожари се активни утрово, а 7 се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според ЦУК, вчера имало 49 пожари на отворен простор, а во текот на денот се изгаснати 30 пожари.

    Утрово гори борова шума на Јасен кај Белица, општините Кочани и Македонска Каменица дактивен е пожарот кај селата Пресека и Цера каде што гори борова шума и папрат. На Галичица, пожар има кај селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (шума, нискостеблеста вегетација).

    Активен е и пожарот во долненското село Дебреште кој се шири кон с. Рилево и с. Зрзе како и кон с. Крапа. Гори о кај кичевските села Патеец и Козичино кој се прошири кон с. Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума). Во кичевско пожар има и кај селата Зајас и Горно Строгомиште каде што гори мешана шума. Пожар има и во општина Маврово-Ростуше во с. Врбен, како и во Општина Новаци кај селата Полог, Брник, Ивени, Рапеш и кај сеото Паралово.

    Во Општина Битола пожар има кај селото Острец, а во општина Пласница кај селата Пласница и Латово. Во Македонски Брод пожар има кај селото Грешница, а во општина Пробиштип пожарот од село Ратковица се движи кон Пониква.

    Седум пожари се под контрола. Од ЦУК најавуваат дека утрово ќе одат во контрола на дел од овие пожари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img