Вкупниот број на должници кои не платиле данок се искачи на 5.573

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вкупниот број на должници кои не платиле данок се искачи на 5.573. Од нив 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74.

На списокот кој вообичаено го објавува Управата за јавни приходи стои дека вкупниот нето долг кон државата изнесува 10,108 милијарди денари, што е повеќе за 1,054 милијарди денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9,925 милијарди денари или повеќе за  1,078 милијарди денари од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 184 милиони денари (помалку за 23,9 милиони денари од претходната листа).

Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.

Share This Article