More

    Вјоса Османи храбри загрижени Албанци во Македонија

    spot_img

    Секој обид да се поткопаат правата на Албанците во Македонија ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан, порача денеска косовската претседателка, Вјоса Османи во годишното обраќање пред Собранието на Косово.

    – Гледаме многу загриженост кај Албанците во Северна Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред. Албанците се конститутивен народ во Северна Македонија, со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан – рече Османи.

    Косовската претседателка истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија за заштита на правата на Албанците.

    – Во оваа насока, континуираната координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сè, за заштита на правата на Албанците во целиот регион и секаде каде што живеат, е од клучно значење за нашиот успех и за напредување кон евроатлантското семејство, каде што го имаме и го заслужуваме нашето место – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img