Нискобуџетната авиокомпанија Визер денеска најави постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај.
„Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на две нови линии – Охрид-Лондон Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации“, соопшти Визер.
Авиолиниите Охрид – Фридрихсхафен и Охрид – Мемингем почнуваат од 28 март, а од тој датум ќе се лета и на рутата Скопје-Билунд. За Охрид-Лондон Лутон, Скопје-Рим Чампино и Скопје – Турку, како стартен датум е ставен 21 март, а 23 мај за Скопје-Бремен, Скопје-Малта и Скопје-Векше. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн.