Вицепремиерот Битиќи смета дека е поважна обуката на домашниот кадар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Долгорочно решение за недостигот на работна сила во нашава земја е преквалификација на нашите сограѓани кои живеат тука и кои со доквалификации и обуки можат да се стекнат со нови вештини и да одговорат на барањата на компаниите – изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи при денешната посета на компанија за производство на душеци Алмеро во Гостивар.

– Ние имаме сограѓани кои се невработени, и примарна цел е да се направат способни да се вработат, и токму компании како Алмеро, кои се спремни да се вклучат во процесот на дуално образование, во преквалификации и доквалификации на работната сила, се клучот за проблемот со кој се соочуваме, а тоа е неодстиг на работна сила на пазарот на труд. Сите други решенија, како увоз на работна сила, не се одржливи решенија. Одржливи решенија за пазарот на труд се нашите сограѓани што живеат овде и сакаат да продолжат со преквалификација и доквалификација и креирање нови вештини што ќе одговорат на барањата на компаниите – изјави Битиќи.

Битиќи одаде дека во земјата има сограѓани што се невработени, а за кои примарната цел е да се направат способни за да се вработат.

– Секое друго решение може да задоволи одредена потреба, но во краток временски рок – смета вицепремиерот.

Share This Article