More

    Висок парагвајски функционер е сменет поради потпишување на меморандум за соработка со кој се препорачува воспоставување дипломатски односи со непостоечка земја

    spot_img

    Висок парагвајски функционер е сменет поради потпишување на меморандум за соработка со кој се препорачува воспоставување дипломатски односи со непостоечка земја.

    Арналдо Чаморо, секретар на кабинетот во парагвајското Министерството за земјоделство, вчера им изјави на новинарите дека бил отпуштен затоа што во октомври потпишал договор со делегацијата на „Соединетите држави Каиласа“, наводен остров лоциран северно од Јужна Америка.

    – Дојдоа и изразија желба да му помогнат на Парагвај, презентираа неколку проекти, ги слушавме и толку – изјави Чаморо и призна дека бил измамен.

    Во меморандумот, поранешниот секретар на кабинетот му честита на „почесниот Нитјананда Парамашивам, суверен на Соединетите Американски Држави Каиласа, за неговиот придонес во хиндуизмот, хуманизмот и за Република Парагвај“ и препорачува „Владата на Парагвај активно да размисли за воспоставување дипломатски односите со Сојузните држави Каиласа и да го поддржуваат нејзиниот прием во меѓународните организации, меѓу кои и во Обединетите нации“.

    Парагвајските медиуми открија дека „суверенот“ на Каиласа е всушност индиски државјанин кој е во бегство од правосудниот систем на својата татковина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img