Вилијам и Кејт сакаат нормално детство за своите деца

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам настојуваат нивните деца да растат како нивните врсници. Со новата одлука уште еднаш покажуваат дека сакаат нивните деца да имаат што понормално детство.

Имено, најстариот син на Кејт и Вилијам, принцот Џорџ оваа сабота го слави својот десетти роденден. Во британското кралско семејство во тие години има и некои службени обврски кои секој член на семејството треба да ги извршува. На пример, на десетгодишна возраст, децата на кралското семејство мора да ги прифатат обврските во воената служба, а со тек на време и да го отслужат воениот рок.

На Џорџ, кој е втор по редот на тронот, по неговиот татко, ќе му биде дозволено да ја избегне традицијата која трае повеќе од сто години. Неговиот татко, вујко, дедо, прабаба и прадедо служеле војска, но тој не мора да ја продолжи таа серија, пишува Дејли Мејл.

-Традицијата за приклучување на кралското семејство во вооружените сили, дури и за кратки периоди, на монархијата и го дава пресудниот легитимитет. Во теорија, принцот Џорџ ништо не го спречува да оствари кариера, на пример, на пример, ако е тоа што тој го сака, а подоцна да стане крал. Правилата сега се поразлични и тој не мора да ја следи формулата за заминување во војската, вели историчарот Доминик Сендбрук.

Кејт и Вилијам се решени да им овозможат на своите деца Шарлот, Џорџ и Луис што е можно понормално детство, кое вклучува слобода да ги следат своите интереси. Инаку, принцот Вилијам бил во вооружените сили повеќе од седум години, а неговиот помлад брат, принцот Хари дури беше на должност во воена зона во Авганистан.

Share This Article