More

    Виктор Живоиновиќ се вратил од пат, па ја затекнал оваа глетка

    spot_img

    Најмладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живоиновиќ, Виктор Живоиновиќ, се вратил од пат и го покажа изненадувањето што во таа прилика му го приредила неговата девојка.

    Имено, младиот Живоиновиќ на социјалните мрежи често споделува објави на кои се гледа како ужива во луксузот што му го пружаат родителите.

    Редовно објавува фотографии од својот стан, приватен авион или јахта, а сега покажа колку е романтична неговата девојка.

    Виктор открил дел од атмосферата од станот каде девојката му оставила порака со кармин:

    „Добредојде дома, бебе“, напишала девојката на Виктор, по повод неговото враќање дома.

    Инаку, синот на Брена неодамна ја покажа и нивната заедничка фотографија, но нејзиното лице го сокри со емотикон од срце. Иако го крие идентитетот на девојката, очигледно Викотр е среќен и заљубен, па има потреба со целиот свет да сподели колку ужива во љубовта.

    За разлика од него, постариот брат на Виктор, Стефан, воопшто не сака да се експонира во јавноста.

    Откако ја напушти пејачката кариера, тој целосно се повлече и малку се знае за неговиот приватен живот.

    Од друга страна, најстариот син на Боба, Филип, ужива во бракот со една од најпопуларните српски пејачки Александра Пријовиќ, со која го има синот Александар. Покрај хармоничен приватен однос, двајцата успешно водат и деловна приказна.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img