More

    Виктор Грозданов ја прозва министерката Каја Шукова

    spot_img

    Во Македонија има еден парадокс. Политичарите стравуваат да застанат зад проекти кои ќе ѝ овозможат на државата да стане економски независна. Апсурдот да биде поголем, тие самите дозволуваат да станат заложници на неколкумина лажни еко активисти кои прават привид дека зад нив стојат илјадници граѓани. Или, можеби така им одговара за да не носат тешки одлуки во нивниот мандат, заклучува во својата најнова колумна објавена на порталот Нетпрес, Виктор Грозданов, аналитичар и металуршки инженер.

    Рудаството како гранка е натпартиска работа, затоа што секој нов проект опфаќа повеќе мандати на различни влади. Тоа значи дека рударството треба да биде стратешки приоритет за државата, а со тоа и проектите да бидат надвор од дневната политика, а не теми на кои популистички ќе се печалат предизборни гласови. За одредени одлуки, вели Грозданов, е потребна политичка храброст особено ако надлежните имаат способност да гледаат подалеку во иднината, за да не ни се случува масовен одлив на население во западно-европските земји.

    „Еве на пример, во Струмичката котлина, особено во руралните средини, сѐ помалку млади може да се сретнат, затоа што повеќето се иселени во туѓина во потрага по егзистенција. Македонија станува пустелија бидејќи политичарите се расправаат најмногу за работи кои не ја менуваат суровата реалност. Како да заборавија на визијата за развој за која им се полни устите во предизборните кампањи. Е овие лажни еко активисти имаат скриена агенда. Тие искрено не се борат за здрава животна средина. Тие одработуваат за задржување на „статус кво“ состојба од која некој дебело профитира, а и малкумина од овие се задоволни, бидејќи им дозволуваат да стават по некое прсте во кајмакот. Затоа и во оваа колумна се занимавам со министерката за животна средина. Не затоа што сум опседнат со неа (скраја да е), туку затоа што нејзиното поведение е типичен пример за политички страв или стручна неукост која многу скапо го чини ова општество“, пишува Грозданов.

    Иднината на нашите деца е заложник на политичари кои едно зборуваат во јавност, а сосема друго прават во тајност, а министерката Каја Шукова, пишува Грозданов, е еден од главните кадри во сегашната влада од чиј „суд“ зависи дали Македонија ќе се развива или ќе тоне во економска депресија и долгови од кредитно задолжување за сервисирање на основните буџетски функции, плати, пензии, јавно здравство, лекови на позитивна листа.

    „Нејзиното однесување е во најмала рака симптоматично, недолично и недозволиво површно. Во една прилика е загрижена за земјоделството и поради ЕУ фондовите во аграрот, изјавува дека рударството мора да биде прекинато. Истата Каја Шукова на денот на рударите пак изјавува нешто сосема спротивно, цитирам: ‘Рударството е важно за развојот на индустријата на една држава, преку вложување во луѓето, соодветни услови за работа, но и вложување во општеството’. И ај сега, фати му го крајот!“, пишува Грозданов.

    Грозданов во колумната прашува дали постои друг пример во светот каде највисоката академска институција може да напише и да промовира стратегија со која ја брани застарената технологија од 70-тите години на минатиот век за сметка на модерната технологија од 21 век, со заклучок дека старите рудници во Македонија може да опстојуваат, а новите се штетни!? И дали постои научно-образовна институција и законодавен дом кои координирано ќе донесат закон дека може да постојат само стари рудници и за нив подготвени наоѓалишта, а во случајов МАНУ ќе потврди дека е така? Не. Само во Македонија. Никаде на друго место, вели тој.

    „Министерката Каја Шукова треба да ѝ објасни на јавноста со кои мотиви му се спротистави на својот колега во Владата, министерот за економија Крешник Бектеши, кој поради спојувањето на концесиите за рударскиот комплекс Иловица – Штука, беше брутално скандализиран заедно со веќе видените напади поврзани со неговата етничка припадност. Да објаснам. Крешник Бектеши е еден од неколкумината министри за економија од различни политички партии кои потпишаа директни 800 милиони евра инвестиција онаму каде што живеат Македонци. И тоа не само во Струмица – рудникот Иловица (360 милиони), туку плус и во Валандово во рудниците Казандол и Плавуш (100 милиони) и Петрошница, Старо Нагоричане (380 милиони и повеќе). Толку околу приказните дека му било лесно на Бектеши да одлучува за средини во кои не живеат Албанци. Демек, ваму ќе се труеле Македонци, а не Албанци. Многу вешто смислено, бидејќи емотивно погодува во целта и веднаш ја замаглува диоптријата за разумно анализирање на економските ефекти од новите рудници“, пишува Грозданов.

    Дали верувам дека Каја Шукова има политичка храброст да донесе правилна одлука за иднината на Македонија? Сѐ кажав на почетокот. И да, уште опстојувам на барањето за ТВ дуел, и да, многу сум упорен. Особено, кога верувам во тоа што го бранам“, напиша Грозданов кој на лажните еко активисти им порача дека не ги заборавил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img