Заврши анкетата која редакцијата Охридскај ја спроведе,а која имаше времетраење од 72 часа.
На анкетата граѓаните имаа опција да се изјаснат,кој би сакале да биде вашиот преставник во законодавниот дом од од редовите на СДСМ Охрид и едно лице од граѓански сектор.
На прашањето : „На претстојните парламентарни избори ,кој би сакале да биде вашиот преставник во законодавниот дом од од редовите на СДСМ Охрид и едно лице од граѓански сектор?“,беа понудени лицата:
1:Лазе Танески – актуелен пратеник од редовите на СДСМ во парламентот на Република Македонија,кој освои 460гласови.
2.Асен Шајн ,директор на општа болница Охрид и еден од главните фафорити на централата на СДСМ на РСМ во 5-та изборна единица ,кој би спасил од катастрофален пораз СДСМ ,кој освоил само 139 гласови.
3.Жаклина Лазаревска , актуелна пратеничка од редовите на СДСМ на РСМ,која освоила симпатии на 242 граѓани. Напомена: При спроведување на анкетата на ден 25-11 -2023 година ,од страна на компјутерскиот ценатар кој беше задолжен за спроведување на анкетата , беше забележан обид за упад преку VPN server , кој преку промена на IP адреси (Буркина фасо, Сенегал,Доминиканска република,Јужна Кореа,Нигерија и др. ,се додаваа над 300 гласови во корист на Жаклина Лазаревска ! Ваквиот обид за компјутерски упад во корист на Жаклина Лазаревска ,беше веднаш воочен од ИТ службата на Охридскај и истиот беше оневозможен,а Лазаревска си ги доби само реалните гласови од граѓаните кој ја поддржуваат.
4.Кристина Крлеска Деспотовска ,актуелна претседателка на ОО СДСМ Охрид освои минимални 112 гласови од своите подржувачи.Доколку се има во предвид дека како престедател на ОО СДСМ истата е репрезент на угледот на СДСМ во Охрид , тогаш повече од јасно е дека на престојните избори на кој Крлеска Деспотовска се надева на второтот место на пратеничката листа на СДСМ за 5-та изборна единица , тогаш со вакви кадри повеќе од јасно е дека СДСМ ја очекува катастрофален пораз.
5.Живка Ангеловска , вечен кадар на СДСМ и актуелен советник во совет на Општина Охрид освои 103гласови или само 9 гласови помалку од својата престедателка Крлеска Деспотовска!
6.Вик Каракатовски, урбан лик од Охрид и граѓански активистосвои убедлива победа на спроведената анкета , во која доверба му дадоа 883 граѓани, со што јасно се покажа дека граѓанскиот сектор е идната сила во политиката која може да промени многу нешта.
РЕЗИМЕ: На спроведената анкета вкупно гласале 1889 граѓани.на анкетата можеше да се гласа само еднаш од една ИП адреса и никако поинаку.Обидот за упад во компјутерскиот систем во корист на Жаклина Лазаревска кој беше неуспешен поради највисоко ниво на бебзедност на серверот кој ја спроведува анкетата ,покажува до која мерка се спремни да фалсификуваат утре и избори.
Најголема доверба од редовите на СДСМ убедливо ужива актуелниот пратеник Лазе Танески.Освоените 460 гласови.Танески буквални ги прегази и останатите актуелни репрезенти на ОО СДСМ Охрид ,што укажува дека тој ја ужива најголемата доверба кај членството на ОО СДСМ, додека поддршката за другите кандидати на СДСМ во Охрид е минорна и изборно незначајна , поточно катастрофална за СДСМ.
За крај мора да се каже дека граѓанскиот сектор преставува идна нова опција во Македонија,а резултат на таквиот факт е и резултатот на анкетата каде Вик Каракатовски, урбан лик од Охрид и граѓански активистосвои убедлива победа на спроведената анкета , во која доверба му дадоа 883 граѓани на Општина Охрид.
Охридскај