На овие фотографии јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија во моментите на заминување на одродената власт, споделуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во вакви несоодветни услови се буквално фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат.
„Тука, на Клиниката за психијатрија, оставени се лични работи на докторите и средниот медицински персонал без никакакво обезбедување, па така на првиот спрат може секој слободно да влезе преку терасата, нема ниту врати, а заклучена е само канцеларијата на директорот. Негрижата за јавното здравство, кое денес е на маргините ја гледаме во секоја установа, на секое ниво и секој град. Еклатантен пример е негрижата во инфраструктурата на Клинички центар, а сведоци сме дека како резултат на тоа повеќе од половина месец блокиран беше цел хируруршки блок, нешто што се случува првпат во историјата на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во објавата на Фејсбук и додаваат:
„Според проценките одложени се над 2.000 интервенции, a пациенти дури и со малигни заболувања и други итни случаи не ја добиваат потребната здравствена услуга, а надлежните и денес немаат јасен план и мерки за ублажување на оваа состојба со листите на чекање за хируршки интервенции кои и пред оваа хаварија беа долги. Со еден збор, наместо да се решаваат ваквите реални проблеми во инфраструкрурата што требало да се надминат пред 3 години, поважно беше да има аплаузи и градење култ кон личности за чисто политиканство на сметка на неводење грижа за реалните потреби и приоритети. Доаѓа крај на ваквото расипништво, а сите менаџери кои се огрешиле и не работеле согласно прописите на штета на пациентите ќе сносат одговорност, велат од комисијата“.