Силен земјотрес ја потресе централна Италија, а беше почувствуван и во Хрватска.Како што јави La Repubblica, пукнатини на ѕидовите се забележани во областа Анкона, а клиниката Вила Игеа е евакуирана. Имаше извештаи и за блокирани лифтови и паѓање на остатоци.Многу луѓе излегоа на улиците во страв од земјотресот.
Италијанските медиуми јавуваат и дека возниот сообраќај на јадранската линија е запрен во Анкона како мерка на претпазливост, поради сомневање за оштетување на шините.
Земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше почувствуван низ цела Италија, во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија, но и низ Хрватска и Словенија.