Десетина напади на руските сили долж Украина беа пријавени во четвртокот рано наутро. Киев утрово го разбудиле експлозии и детонации, а слична е ситуацијата и во Харков, како што потврдија градоначалниците на двата града.
Се појавија снимки од пустошот што го оставија зад себе руските ракетни напади врз западниот регион Лавов. На видеото, споделено од шефот на регионалната воена администрација на Лавов, Максим Козицки, се гледаат јагленисани згради и урнатини.
Најмалку пет лица загинаа, а неколку се ранети по големиот руски ракетен истрел низ земјата, соопштија украинските власти. Гувернерот на западниот регион Лавов, Максим Козицки, изјави дека четири лица загинале откако проектил погодил станбена област во областа Золочивски.