Малата хероина Ангела ја победи болета и заедно со нејзиното братче Дајан заѕвони на ѕвончето во Детска клиника. Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО објави видео од малата хероина Ангела која среќна ја напушти болницата.
Таа вчера си замина здрава дома, а во целиот процес имала голема поддршка од братчето Дамјан кој заедно со неа заѕвони на ѕвончето.
„Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша! *видеото е објавено со дозвола на родител“, стои во објавата на здружението САНО.
Завршувањето на лекувањето на децата се одбележува со ѕвонење на ѕвонче и аплауз од персоналот на Детска клиника.