Видео–честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски упати видео – честитка до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Видео-честитка: 

Пред точно 32 години, ги паметиме зборовите на првиот претседател Киро Глигоров: „да ви ја честитам на сите слободна, суверена и самостојна Македонија”.

Почитувани,

Низ годините бележевме и успеси и неуспеси, некои од нив се случија токму на денот на независноста. Успесите не радуваа, но, за жал, примерите на злоупотреби и системски потфрлања ја рушеа довербата во институциите и ја обезвреднува самата држава.

А цената ја плаќаат оние кои најмалку придонеле за таквите состојби ‒ учениците во образованието, болните во здравството, сиромашните и младите. Сè почесто солидарноста и емпатијата започнаа да им отстапуваат место на себичноста и апатијата, а, тоа е амбиент во кој луѓето не сакаат да живеат.

Почитувани сограѓани,

Знам дека ова не се вообичаени празнични пораки, но, се неопходни, затоа што, граѓаните на 8 септември 1991-та гласаа за уредена и просперитетна Македонија која сеуште ја немаме.

- Advertisement -
Ad image

Денес нам ни е потребен нов колективен напор, но, притоа, карактерот на тој потфат треба да биде соодветен со времето во кое живееме. Од нас денес не се бара илинденскиот илипартизанскиот хероизам наспроти тиранијата. Од нас денес се бара да имаме фунционални институции, законите да важат подеднакво за сите, и општествени реформи од кои благодет ќе видат граѓаните, а, не само оние кои се привилегирани.

Смислата на постоењето на републиката е да го оствариме заедно она што не можеме да го постигнеме засебно ‒ слобода, правда, економска благосостојба и соживот. Како што секој успех на македонската држава до сега е плод на заеднички напори, така и речиси секој системски неуспех е последица на отстапувањето од тој принцип.

Крајно време е да потврдиме дека сме способни и во практика, а не само со зборови да се справиме со сериозните проблеми со кои се соочуваме во долгиот тунел на транзицијата која никако да ја завршиме.

- Advertisement -
Ad image

Државата има многу умни и доблесни луѓе со образ, луѓе домаќини кои можат да го обноват духот на македонската република врз основа на темелните уставни и општоцивилизациски вредности.

Само така ќе го зачуваме зрното надеж дека по повеќе од 3 децении конечно ќе имаме европска и демократска Македонија во која младите ќе сакаат да живеат и просперираат.

Убеден сум дека имаме и сили и волја за такво нешто!

Нека ни е честит Денот на независноста!

Да ни е вечна македонската република! 

Share This Article