Лидерот на ДУИ Али Ахмети и овој пат со песна го овековечи изборот на Талат Џафери за технички премиер. Во собраниски кабинет каде што се гледа чад од цигари Ахмети пее за историскиот момент..
Неговиот соработник Артан Груби кој во новата влада ќе биде министер за политички систем објави видео на својот Фејсбук профил.
-Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани – напиша Груби во описот на видеото.
На едно од повеќето видеа кои се споделуваат на социјалните мрежи лидерот на ДУИ, Али Ахмети и техничкиот премиер Талат Џафери ги покажуваат црвените вратоврски на кои од внатрешната страна пишува „Премиер Албанец“ и наведен е датумот, за кој велат дека е историски за Албанците во земјава.