More

    Актуелниот олимписки шампион, селекцијата на Франција стана и Европски првак откако по продолженија ја победи Данска со 33-31

    spot_img

    Актуелниот олимписки шампион, селекцијата на Франција стана и Европски првак откако по продолженија ја победи Данска со 33-31. Данска водеше во најголем дел од мечот, но Франција успеа да се избори за продолженија во кои беше подобра и на крајот дојде до четвртата круна Европски шампион.

    Данците можат да жалат бидејќи во текот на второто полувреме имаа предност и од три разлика, но предноста им се лизна во финишот од мечот.

    Франција успеа да дојде до 27-27, Данска имаше напад за победа, не успеа да реализира па мечот отиде во продолженија.

    Во двете продолженија од по пет минути Франција беше подобра и на крајот го доби натпреварот со 33-31.

    Фабрегас беше фантастичен со осум голови, тоа беше најдобриот ракометар на Франција, во составот на Данска Хансен реализираше девет погодоци од кои седум беа од пенал. Тој стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.

    За потсетување, Македонија заврши 17-та на Европското првенство, а веќе догодина ќе треба да се спрема за квалификацијата на Светското првенство. Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плеј-офот. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови,а првиот натпревар ќе го играме на терен гостински терен.

    Битолчанецот Борче Марковски, кој со години успешно работи на Фарските Острови, вели дека таму тренерите работат токму по дански систем, што меѓу другото подразбира и дека децата почнуваат да тренираат уште од шестгодишна возраст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img