Ветер од над 70 км/час ќе дува во Скопје и неколку други градови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во вториот ден од јули ќе имаме променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 23, а максималната од 27 до 35. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степени.

Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Share This Article