More

    Вестминстерската опатија ќе прими гости од 203 држави

    spot_img

    Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети.

    На церемонијата на крунисување најавени се повеќе од 2.200 гости меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство.

    За време на церемонијата во Вестминстерската опатија, кралот ќе биде крунисан заедно со сопругата-кралица.

    Тоа е англиканска религиозна служба што треба да ја води надбискупот од Кентербери.

    Монархот се помазува со „свето масло“ и добива топче со крст и жезол, кралски симболи.

    Во кулминацијата на церемонијата, надбискупот на главата на Чарлс ќе ја постави круната на свети Едвард – круна од чисто злато, која датира од 1661 година.  Таа има централно место меѓу Крунскиот накит во Лондонската кула и монархот ја носи само во моментот на крунисувањето.

    За разлика од кралските венчавки, крунисувањето е државен настан – го плаќа владата и на крајот таа одлучува за списокот на гости.

    Наследникот на кралот Чарлс е неговиот најстар син, принцот од Велс.

    Најстарото дете на принцот Вилијам, принцот Џорџ, е втор по ред за тронот, а неговата најстара ќерка, принцезата Шарлот е трета. Принцот Луис е четврти, а принцот Хари е петти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img