More

    Вештак за електротехника сведочеше за пожарот во модуларната б

    spot_img

    Судењето за пожарот во тетовската модуларната болница денеска продолжи со сведочење на овластен судски вештак по електротехника, жена која била придружник на човек кој бил на болничко лекување и цитирање на наслови од писмени докази од страна на адвокатите на обвинетите.

    Овластениот судски вештак по електротехника Ирфан Шаќири пред судот образложи дека по наредба на Јавно обвинителство извршил вешт наод за можните индиции за појава на пожар во објектот на модуларната болница.

    Тој објасни за делот за приклучување на објектот во мрежата за дистрибуција на електрична енергија.

    – Целокупната постапка за изведување на електричната инсталација од почеток до крај не е изведена согласно прописите и правилниците за ваков тип на градба. Самиот чин на приклучување на објектот во напонската мрежа на операторот е изведена од двајца вработени во Клиничката болница без изготвување документ, елаборат кој што е неопходен за ваков тип. Целата работа на овие двајца електричари е изведена без никаков надзор од стручни лица овластени електроинженери, овластени од нашата Комора на електроинженери – посочи Ирфан Шаќири.

    Според наодот на вештакот изведувањето на електричната инсталација во модуларната болница е реализиранo со недостиг на голем број на документи потребни за ваков тип на градба.

    – Објектот, модуларна болница, проектиран и конструиран од страна на „Брако“ е монтиран, според нив, како што се барало од Министерство за здравство. Според нивната изјава, нивна должност била само да го изготват и монтираат објектот на дадената локација. Од нивна страна во делот на електричната инсталација, исто така, нема елаборат, бидејќи, според нив, никој не барал од нив да изготват таков документ. Мене ми беше приложено само една шема која е важен елемент во процес на електрична инсталација, документ за сите уреди во самиот објект, но била изготвена, ми беше посочено, само за нивни интерни употреби, не беше валиден документ – посочи вештакот Ирфан Шаќири.

    Следното рочиште ќе се одржи на 21 март. Судот побара за таа расправа адвокатите на одбраната да посочат за кои околности се повикуваат предложени сведоци од нивна страна. Судијата определи и два термина за рочиште за следниот месец односно за 4 и 25 април.

    И денеска пред да започне рочиштето, група граѓани се собраа пред зградата на судот за поддршка на обвинетиот д-р Бобан Вучевски за кого сметаат дека како лекар не треба да биде да има обвинение во овој судски процес.

    – Дојдовме да му дадеме поддршка на човекот кој што стана синоним на доброта, професионаност и на нешто што многу за него можат да учат во смисла на лекарска етика. Ги повикувам граѓаните на присуство на овие настаните, затоа што тој тоа го заслужува, Бобан е она што секој еден мора да го чувствува за себе – изјави граѓанин на Тетово.

    Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

    Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img