More

    Вештачката интелигенција открила рак на дојка четири години однапред

    spot_img

    Неверојатен успех на вештачката интелигенција која успеала да открие канцерогени клетки дури четири години пред нивниот развој, сподели д-р Лари Нортон од Центарот за истражување на рак на дојка „Лаудер“, пишува „UNILAD“.

    Овој успех, според д-р Лари Нортон, е само едно во низата достигнувања на вештачката интелигенција во медицината. Како што наведе, оваа технологија во иднина уште повеќе ќе помогне во напредокот на медицината.

    Според него, најголемата предност на вештачката интелигенција е тоа што е практична. Некои абнормалности ќе бидат игнорирани како помалку релевантни, додека лекарот би наредил биопсија за тоа.

    Исто така, забележува д-р Нортон, вештачката интелигенција може да препознае и да каже со висок процент на точност кога болеста ќе се развие, ризик што на лекарите би им било многу потешко да го видат.

    Ова не е прв пат вештачката интелигенција да помогне да се идентификува ракот. Веќе се направени студии кои докажаа дека оваа технологија има висок процент на успех во откривањето на ракот на белите дробови, пишува „UNILAD“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img