„Фајненшл тајмс“ потпиша договор со ОпенАИ за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ЧатГПТ да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот.
Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може да користи написи од Фајненшл Тајмс, се вели во соопштението. ChatGPT, исто така, ќе може да одговара на прашањата на корисниците со информации од написите на Фајненшл Тајмс, вклучително и линкови до веб-страницата на весникот.
Во последниве месеци, германската Axel Springer Group и францускиот весник Монд (Le Monde) потпишаа договори со ОпенАИ. Од друга страна, весникот „Њујорк Тајмс“ во декември ја изведе компанијата на суд, тврдејќи дека ЧатГПТ бил обучен со написи на весникот без дозвола.
ЧатГПТ го поттикна интересирањето околу вештачката интелигенција пред повеќе од една година.
Ваквите генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција се обучени со огромни количини на информации и можат да формулираат текстови на лингвистичко ниво на човек, да пишуваат софтверски код и да сумираат информации.
Принципот зад ова е дека чет-ботовите проценуваат од збор до збор како треба да продолжи реченицата, врз основа на веројатност.