Вера Кундерова, вдовицата на познатиот писател Милан Кундера, почина на 89-годишна возраст во Франција, соопшти во саботата Моравската библиотека.
Кундерова и ја довери личната библиотека на нејзиниот сопруг, вклучувајќи бројни лични писма и други материјали, на библиотеката во Брно, Чешка.
Кога ги предаде материјалите, таа рече дека тоа е „симболично враќање дома“.
Како литературен агент на Кундера, неговата сопруга играше централна улога во комуникацијата на нејзиниот сопруг со неговите издавачи.
По смртта на Милан Кундера (1929 – 2023), таа се вклучи во преводот на неговиот роман „Идентитет“ од француски на чешки.
Преводот беше објавен ова лето, повеќе од 25 години откако оригиналната француска верзија ја виде светлината на денот.
Кундерова работела како уредничка на радио и телевизија пред да емигрира во Франција со нејзиниот сопруг во 1975 година, каде што прифатила професорска позиција на универзитет.
Четири години подоцна, Чехословачка го укина државјанството на брачната двојка, кое го вратија дури во 2019 година.
– За жал, главниот град Прага, мојот град, му нанесе многу штета на ова семејство – рече таа во во едно од ретките интервјуа за чешкото радио пред година и пол.
Милан Кундера почина во јули минатата година.