Вера Иванова доби условна казна од 5 години за случајот „Диамед“, поврзан со центрите за дијализа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вера Иванова доби условна казна од 5 години за случајот „Диамед“, поврзан со центрите за дијализа. Судот побара и конфискација на 3.275.000 евра, објави Макфакс.

Судијата Илија Трпков смета дека обвинетата Иванова сторила кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело перење пари.

За делото злоупотреба на службена положба и овластување Иванова доби казна затвор од 1 година и 3 месеци, а за перење пари казна затвор од 1 година и 3 месеци. За двете кривични дела е утврдена единствена казна затвор од две години која нема да се изврши ако обвинетата во рок од пет години сметано од денот на правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Обвинението за Вера Иванова беше поднесено пред две години.

Share This Article