Венко Филипче:За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, направивме awake brain surgery

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, направивме awake brain surgery. Операцијата ја изведовме
кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога.
Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата.
За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.
Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се осеќа добро.
Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала.
Share This Article