Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на планетата, во понеделникот вечерта беше крунѝисан за најдобар спортист на планетата за 2023 година. Тој по петти пат во кариерата ја доби престижната награда „Лауреус“, а во Мадрид се собраа многу спортски великани.
Меѓу нив беше најголемиот ривал на Новак во кариерата, Рафаел Надал, со кого одигра дури 59 натпревари (30-29 за Србинот).
Многумина забележаа како Надал гледа во Новак додека ја примаше наградата и го држеше својот говор, а некои отидоа дотаму што во неа видеа секакви емоции. Што му се вртеше низ главата?
Додека беше на подиумот, Надал цело време го вперуваше погледот кон Ѓоковиќ и во тие моменти не се насмевна.
Српскиот тенисер по петти пат ја освои престижната награда и со тоа се изедначи со Роџер Федерер. Ниту еден друг спортист не успеал да го направи тоа.