Велика Британија ќе потпише договори со Македонија, Србија и со Косово за спречување на активностите на бандите за шверц на мигранти, соопшти Владата во Лондон.
Целта на тие партнерства, од ист тип како она што Лондон го склучи со Албанија на крајот на 2022 година, е „да се зголеми размената на разузнавачки информации и да се пресретнат криминалните шверцерски банди“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.
Во 2023 година, речиси 100.000 мигранти поминале низ Западен Балкан, што го прави „важна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во ЕУ или Велика Британија“, се вели во извештајот.
Премиерот Кеир Стармер денеска е на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ, 47 земји) во Унгарија, каде на дневен ред е и нерегуларната имиграција.