More

    Велика Британија останува без богатиот улов во Баренцовото Море

    spot_img

    На иницијатива на претседателот Владимир Путин, на Русија и се вратени рибите кои Британците ги ловат врз основа на договор од 1956 година со кој им беше дозволено да го собираат уловот од руските води на Баренцовото Море, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.

    Државната Дума го усвои Законот за раскинување на договорот со Велика Британија, според кој бродовите од оваа земја имаа овластувања и право за риболов, со тоа што истото правило не важеше за руските рибари, а договорот не донесе никаква полза на руската страна, објасни заменик-началникот на руското Министерство за земјоделство Максим Увајдов.

    – Ни ја врати нашата риба што бескрупулозните Британци ја јадеа 68 години. Ни воведоа санкции, а 40% од нивната исхрана, менито со риби, се состои од нашиот бакалар. Еве им, сега нека ослабат. Нека се опаметат – рече Володин.

    Според него, рибите од рускиот дел на Баренцовото Море, вклучително и бакалар и зракоперка, сочинуваат 40% од британската исхрана.

    Врз основа на усвоениот закон доставен до Думата на разгледување од Министерството за надворешни работи и Министерството за земјоделство, едно од омилените јадења на Британија, риба и помфрит, станува загрозено.

    Руската влада претходно го одобри откажувањето на договорот.

    На британските бродови им било дозволено да собираат улов во водите на Баренцовото Море речиси 70 години – дури и во екот на Студената војна.

    Од овие води традиционално доаѓаат огромни количини бакалар и зракоперка, кои се продаваат во продавниците низ Велика Британија. Според податоците од британското рибарство, само минатата година во Баренцовото Море биле уловени 566.784 тони бакалар, објави „Дејли мејл“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img