Велика Британија на 5 септември ќе го знае новиот премиер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак и актуелната шефицата на дипломатијата Лиз Трас, по петата рунда гласање на пратениците, се двата кандидати за лидерското место во британската Конзервативна партија.

Во денешниот последен круг од гласањето на ториевците во Парламентот за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција, министерката за трговија Пени Мордон доби 105 гласа, Трас 113, а за Сунак гласаа 137 пратеници.

Досега гласаа пратениците од Конзервативната партија, при што беа елиминирани кандидатите кои освоија најмал број гласови. Сега кога останаа двајца кандидати нема да одлучуваат пратениците туку сите 180.000 членови на Конзервативната партија. Името на победникот ќе биде објавено на 5 септември.

Британскиот премиер Џонсон на 7 јули објави дека се повлекува од функцијата шеф на Владата и партијата, откако повеќе од 50 членови на Владата поднесоа оставки, незадоволни од неговото одбивање да се повлече по неколку скандали. Меѓу нив беше и Сунак, кој поднесе оставка два дена пред Џонсон.

Жестоката кампања за наследникот на Џонсон ги разоткри длабоките поделби во Конзервативната партија на крајот од неговото владеење

Share This Article