More

    Веќе има освоено два скапи автомобили, но нема возачка дозвола

    spot_img

    Младиот дански тенисер Холгер Руне (19) по втор пат во кариерата доби автомобил како турнирска награда, но проблемот е што се уште нема возачка дозвола.

    Младиот Данец во финалето на АТП турнирот во Минхен во неделата го победи Холанѓанецот Ботиќ ван де Зандшулп со 6:4, 1:6, 7:6 (3), а покрај паричната награда доби и ново луксузно БМВ. Електричен автомобил I4 од спонзорот на турнирот.

    Пред една година Руне го освои својот прв АТП турнир во кариерата во Минхен, а во финалето го победи Ван де Зандшулп. И тогаш доби автомобил како награда.

    „Два спортски автомобили, но сепак без возачка дозвола“, низ смеа изјави 19-годишниот Данец.

    „Сè уште ја немам земено мојата возачка дозвола. Тоа е на мојата листа, но потребно е многу време“, изјави Руне во интервју за Билд.

    „Победничкиот автомобил од минатата година сега стана наш семеен автомобил. Најмногу го вози татко ми. Мислам дека некој друг од моето семејство ќе го добие овој автомобил“, најави седмиот играч во светот.

    Руне додаде дека на крајот од оваа сезона конечно треба да го положи возачки испит и да добие дозвола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img