Вечната куќа на легендарната холивудска актерка Мерлин Монро, која почина пред повеќе од 60 години, е вандализирана.
На нејзиниот роденден (1 јуни 1926 година) многу обожаватели отишле на нејзиниот гроб да и оддадат почит, а таму ги дочекала шокантна глетка.
Роденденот на холивудската икона Мерилин Монро е една од главните поводи за стотици и стотици обожаватели да го посетат нејзиниот гроб и да положат цвеќе. За жал, нејзините обожаватели годинава ги дочека непријатно изненадување.
Како што сподели една корисничка на социјалната мрежа ТикТок, надгробната плоча на Мерилина Монро е изгребана, а луѓето не го криеја шокот и вознемиреноста поради вандалскиот чин.
„Денеска открив дека гробот на Мерилин е вандализиран“, започнува девојката која се претставила како Грејс Гуднајт и додала: „Некој ја изгребал плочата и не можам да прочитам што точно пишува на неа. На двете страни има гребнатини. Ова е толку без почит и вознемирувачко. Според она што го слушам, ова не е првпат да се случи вакво нешто.“
Луѓето се згрозени од она што го виделе.
„Ужасно е тоа што и го прават“, „Ниту мртва не и даваат мир“, „Заслужува да почива во мир“, „Зошто луѓето веќе не ја оставаат да почива“… се дел од коментарите под видеото.
Грејс потоа напишала дека ги известила управителите на гробиштата и дека се надева дека штетата наскоро ќе биде санирана.