Со особено задоволство Ве го најавуваме вечерашниот концерт на НУ Камерен оркестар на Битола во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола со почеток во 20.30 ч. Куриозитет за овој настан е изведбата на Концертот за черирирачно пијано од Леополд Кожелух за прв пат во Македонија, во изведба на Марија Вршкова (пијано) и Татјана Божиновска (пијано). Како дел од програмата ќе биде изведена и Симфонија бр. 5 од Ф. Шуберт. Диригент е Бисера Чадловска. Влезот е слопбоден.