Претседателот Владимир Путин изјави дека Русија ќе развие вештачка интелигенција со партнерите на БРИКС и со други земји, во обид „да ја оспори доминацијата на Соединетите Американски Држави во една од најнарушувачките технологии на 21 век“, објави Дејли стар.
– Уверен сум дека меѓународната алијанса на националните здруженија и развојните институти, во областа на вештачката интелигенција на земјите од БРИКС, и другите заинтересирани држави ќе дадат значителен поттик за таквата соработка. Ние ќе го започнеме овој сојуз денеска – рече Путин на конференцијата за вештачка интелигенција во Москва.
Најголемиот руски заемодавател, „Сбербанк“, соопшти дека новата мрежа на Алијансата за вештачка интелигенција ќе вклучува национални асоцијации за вештачка интелигенција од Кина, рангирана како една од двете најголеми светски сили за вештачка интелигенција, заедно со Русија, Индија, Бразил и со Јужна Африка, во партнерство.