More

    Вечерва игра „Одења и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски

    spot_img

    Со изведба на претставата „Одења и слични кореографски решенија“ се затвора фестивалската програма на Танц фест 2023. Претставата на Филип Петковски ќе се одржи во Националната опера и балет, на малата сцена со почеток во 20 часот.

    Во годинешната програма, кое е 19 издание на фестивалот, до сега публиката имаше можност да ги види извонредните танчари на Кодартс танцовата компанија, од Холандија, Далас Блек танцовата компанија, од САД, како и гости од Италија, Словачка, Романија и Грција. Беа претставени домашните продукции на Скопје танцовиот театар: „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин, „Табу република“ на Бобан Русески, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска, како и независните продукции „Код #9“ на Ивана Балабанова и „Одења и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски. Во склоп на програмата се изведе и проектот „Dance communication“ во соработка со Далас Блек танцовиот театар, со настап на 30 млади танчари од повеќе градови од земјава, а во дел од претставите учествуваа и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.

    Пред почетокот на претставата, во чест на Светскиот ден на танцот, кој е на 29 април, Иванка Апостолова Башкар, претседателка на ИТИ во Македонија, ќе ја прочита македонската порака, која годинава ја пишува Александар Георгиев.

    Режисер и кореограф на претставата „Одења и слични кореографски решенија“ е Филип Петковски, а во претставата учествуваат Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Сара Цветковска, Давид Николовски и Борјан Ристовски.

    – Инспириран од бројни теоретизации за концептот кореографија, во 6 слики, тој критички и телесно го преиспитува процесот на создавање кореографија, користејќи го одењето како најбазичното човеково движење од кое почнува и се раѓа телесно структурирање. Служејќи се со ритмика, физички театар и танц, претставата упатува критика кон потребата за спектакл заснован на комплексен танцов вокабулар и напорен тренинг за танцот да биде промулгиран и сметан за висока уметност – вели Филип Петковски, кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img